Хрватска: За половина година блокирани 64.678 компании поради долгови

Од:

Податоците на Хрватската Финансиска агенција (ФИНА) покажуваат дека на крајот на јуни во Хрватска поради неподмирени обврски биле блокирани 64.678 деловни субјекти со вкупен долг од 36,74 милијарди куни, односно 4,9 милијарди евра.

Според податоците на ФИНА, исто така, блокирани биле и 262.657 граѓани со долг од 20,22 милијарди куни, односно 2,7 милијарди евра.

Долговите на деловните субјекти се поголеми за 0,1 отсто во однос на мај, додека долговите на граѓаните се поголеми за 2,6 проценти во однос на претходниот месец.

ФИНА наведува дека во блокада во период од 60 дена биле 3.191 деловен субјект со пријавен долг од 1,4 милијарди куни, односно 186,6 милиони евра. Исто така, над три четвртини од деловните субјекти се наоѓаат во блокада повеќе од една година, а нивниот износ претставува 85,4 отсто од вкупниот долг.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин