Думата предложи затворски и парични казни за примена на санкции во Русија

Од:

Руските пратеници поднесоа предлог-закон во Думата, Долниот дом на Парламентот, со кој се предвидува затворска казна до 10 години и парични казни за примена на санкции на територијата на Русија.

– Новата регулатива, која треба да ја одобри Парламентот и да ја потпише претседателот Владимир Путин пред да стане закон, има за цел да спречи влошување на економската ситуација во Русија, изјави пратеникот Павел Крашењиков.

Тој објасни дека ако некој во Русија „одлучи да ги ограничи правата и слободите на нејзините граѓани, нејзините правни лица, институции или организации, тогаш треба да сноси кривична одговорност“.

Некои руски компании, меѓу кои и делумно државни фирми, одбиваат да работат со банки и компании под санкции бидејќи стравуваат дека и тие би можеле да се најдат на црната листа, истакна Крашењиков.

На почетокот на минатиот месец Русија усвои измени на регулативата, според кои ширењето лажни информации претставува кривично дело за кое следува парична или затворска казна.

Предвидени се парични казни и за јавни повици за санкции против Русија.

Западните сојузници на Украина досега воведоа неколку пакети санкции против Русија поради нападот врз Украина на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски