Москва ќе презентира докази за „реалната суштина“ на настаните во Буча

Од:

Русија ќе претстави „документи“ кои ќе ја покажат, според нејзиното мислење, „реалната суштина“ на настаните во украинскиот град Буча, каде московските сили се обвинети за убиство на цивили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Преку нашиот постојан претставник во ОН денеска ќе организираме прес-конференција на која ќе бидат презентирани конкретни документи за вистинската природа на настаните, истакна Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека конференцијата ќе се одржи денеска во седиштето на ОН во Њујорк во 21:30 часот по македонско време.

Кремљ категорично ги отфрли сите обвиненија, поврзани со откривање на голем број тела на цивили во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев, по повлекувањето на руските сили. Лавров фотографиите на загинатите ги нарече „лажни“ и ги оцени како дел од кампањата за „пропаганда“ и „дезинформација“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина