Германската влада размислува да протера значителен број руски дипломати

Од:

Германската федерална влада ги истражува активностите на руските дипломати за кои се сомнева дека работат за тајните служби.

„Се разбира, една работа е многу јасна, сите опции се на маса“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Берлин за „Зидојче цајтунг“.

Весникот објави дека федералната влада размислува да протера „значителен број“ руски дипломати.

Минатата недела Белгија протера 21 руски дипломат под обвинение за шпионажа.

Тие се вклучени во „шпионажа и операции за влијание кои ја загрозуваат националната безбедност“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Софи Вилмс.

Исто така, во вторникот минатата недела, холандскиот министер за надворешни работи најави дека 17 руски дипломати ќе бидат протерани под обвинение за шпионажа.

Чешка протера руски дипломат од земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски