Хабек: И покрај ѕверствата во Украина, Германија нема да воведе инстант ембарго на руската енергија

Од:

Берлин нема да воведува инстант ембарго на руската енергија, и покрај ѕверствата во Украина, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јави Би-Би-Си.

Според него, најголемата економија во Европската унија работи на прекинување на руската енергија.

– Работиме кон ембарго, со мерки што секој ден го погодуваат Путин. На добар пат сме и неделава ќе имаме уште поголем напредок на тој пат, појасни Хабек.

Како што додаде, се работи на независност од руските гас, јаглен, нафта.

Хабек тврди дека пред руската инвазија на Украина, 35 отсто од германската нафта доаѓала од Русија. Сега, таа изнесува околу 25 отсто. По инвазијата, зависноста на Германија од рускиот гас се намалила од 55 на 40 отсто.

Поради цивилните убиства во Буча и на други места низ Украина, нови санкции против Русија ќе бидат одредени оваа недела, најави германскиот министер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници