Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков

Од:

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, ќе се одржат на 6 април, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“).

По врачувањето на статуетката „Пегаз“ и обраќањето на Русјаков, ќе биде претставен првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“, чијашто промоторка ќе биде уредничката на изданието – Оливера Ќорвезироска.

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.

На конкурсот пристигнаа 44 ракописи, а покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година влегоа „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“.

Романот „Хотел меѓу две војни“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Предраг Петровиќ

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска