„Пописот е нецелосен и со многу неправилности. Овој попис кој го спроведоа СДСМ и ДУИ не ја покажува реална слика за популацијата во државата. Некомплетноста на пописот се покажа во повеќе наврати. 132 илјади Македонци се непопишани, а тоа 7.2% од целосното резидентно население. Државниот завод за статистика ги поседува сите податоци за овие граѓани, но не ги вклучил во дел од резултатите на оваа операција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ДЗС направи целосен хаос во графата за религиска припадност, со нераспознавањето на христијани и православни.
Неправилностите на овој попис излегоа на виделина само еден ден од соопштувањето на официјалните резултати. Директниот упад од ДЗС во промената на бројот и процентите во религиската определба во графата атеисти е уште еден од показателите за некомплетноста на резултатите на оваа операција.
За овој упад во официјалните резултати од ДЗС веќе неколку дена нема одговор, а со тоа се зголемуваат сомнежите во бројките на пописот.
Со овој попис стана јасно дека и Македонците и Албанците, но и Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите заради лошите политики на власта на СДСМ и ДУИ се иселуваат од државата. Над 10 проценти од резидентното население изминативе години е иселено од Македонија.
На државата не и треба попис за задоволување на коалицијата СДСМ и ДУИ, на Македонија и треба попис спроведен според сите европски стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта ќе спроведе електронски попис со кои ќе се добијат целосни и релевантни бројки и проценти за резидентното население во Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
