Александар Вучиќ прогласи победа на претседателските избори во Србија веќе во првиот круг откако вечерва во обраќање од изборниот штаб информирше дека добил 59,9/60,1 посто од гласовите.
Рече дека треба да бидат пребојани уште малки избирачки места, но дека во овие бројки се вклучени и гласовите од дијаспората и од гласачите на Косово.
Вучиќ рече дека неговата партија Српска напредна Странка добила околу 44 проценти од гласовите на паралментарните избори што според него ќе значи 124 или 125 пратенички места.