Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ

Од:

Преиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната во Украина, реформските процеси во државава, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР околу изборите, прашањето околу евроинтеграциите.

На средбата е посочено дека Република Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ, при што е посочено и на подготовките што се прават во таа насока.

Во однос на реализацијата на реформите, заеднички е оценето дека е важно да има посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава за сите важни прашања од полза на граѓаните и на државата.

Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно фокусирани кон надминувањето на предизвиците од војната во Украина, дека владината коалиција е стабилна, дека разговорите со премиерот Петков во Бугарија се поставени на ниво на конструктивност од двете страни, како и дека евроинтеграциите на земјава се важни за перспективите на граѓаните во земјава, како и за стабилноста на регионот и на ЕУ“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот