Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Од:

Простории на поранешно основно училиште во скопско Пржино се целосно опожарени. Причините за пожарот не се познати, а огнените јазици брзо се проширија поради силниот ветер кој дува. Десетина пожарникари прават обид да го изгаснат, но засега, тој се шири. Командирот на скопската Пожарникарната бригада, Sвонко Томевски, посочува дека нема опсност за пожарот да зафати и околни објекти.

„Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Не е страшен пожар, но станува збор за голема, долга барака, педесетина метри која е празна. Нема опасност да се прошири пожарот на околните објекти“, вели Sвонко Томевски.

Густите облаци од чад се шират и гледаат од повеќе населби на Скопје. Најмногу, од Кисела Вода. Гаснењето на пожарот го комплицира силниот ветер кој дува.

На терен, освен пожарникари, има и екипи на полицијата.

Би можело да ве интересира

16. Марш на ангелите во Кочани: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“?

Горан Наумовски

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Пламна голем пожар на отворен простор во близина на селото Баница

Горан Наумовски

Гори нискостеблеста и деградирана шума на потегот меѓу селата Церово и Групчин

Двајца загинати, шест повредени во пожар во Шпанија