Ковачки: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Од:

„Владата на Ковачевски тајно преговара со Бугарија и администрацијата на Кирил Петков. Процесот е целосно нетранспарентен, и за исходот од преговарањето не е информирана ниту опозицијата, ниту Собранието. Политичките чинители, пратениците, стручната јавност и граѓаните на Република Македонија за текот на преговорите се информираат од изјавите на бугарските политичари во медиумите, а не од Ковачевски или Османи, кои се должни да реферираат и во Собранието и пред граѓаните“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера даде изјава, во која вели дека е постигнат огромен успех во работата на историската комисија, односно дека тој знае за напредокот и исходот од процесот, но не прецизира што конкретно е тој огромен успех.

Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Дали радоста во Бугарија е исполнување на сите бугарски барања и бришење на историјата, јазикот и идентитетот?

Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи?

Наместо да се крие и да бега од јавноста, веднаш да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет и јазик и од Бугарија и од ЕУ.

Доколку тој одбие тоа да го направи, отвора сериозен сомнеж дека се водат преговори кои се на штета на македонските национални интереси.

Дополнително, го повикуваме Бујар Османи да дојде во Собранието и да ги информира пратениците за текот на преговорите, како и за тоа кои се следните чекори.

Владата не смее да излезе надвор од црвените линии“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО