Револтирани жители на Сопиште го блокираа патот за Соње

Од:

Недостигот на вода за пиење ги натера жителите од скопско Сопиште да постават блокади на регионалниот пат Скопје – село Соње. Револтирани и загрижени се од опасноста без доволно питка вода да им се влоши здравјето, јавува телевизијата Телма.

Велат дека кога најмногу им е потребна водата – во утринските и вечерните часови – ја снемува, за потоа да ја има преку ден, но не во доволна количина. Повеќе од илјада жители од неколку улици во село Сопиште се принудени водата да ја складираат во резервоари и шишиња.

Убедени се дека причините за слабниот притисок и недостигот се градежниот бум и злоупотребата на капацитетот на водоводната мрежа. Се обратиле до јавното претпријатие „Водовод“ и општината, но одговор не добиле.

Од општина Сопиште велат дека четири месеци работат на лоцирање на проблемот со водата.

Жителите на Сопиште најавија блокади секој ден во траење од два часа се додека не се реши проблемот со водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите