ВМРО-ДПМНЕ: Целосен молк од институциите за луксузната вила на Каевски, која има отворен сомнеж дека е изградена без дозвола и е дивоградба

Од:

„Секој ден социјални протести во државата, секој ден граѓаните се посиромашни, ама за тоа функционерите на СДСМ и ДУИ градат хациенди, купуваат луксузни коли, одмараат на егзотични места. Цела недела целосен молк од Дарко Каевски, ДКСК, како и од институциите за луксузната вила која ја гради во Волково за која и има отворен сомнеж дека е и дивоградба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту една институција не превзема ништо заради прикривањето на имот на Каевски. Поранешниот директор на АМС, а сега пратеник на СДСМ, Дарко Каевски со години го крие имотот во својот анкетен лист, кој преку ноќ прерасна во луксузната вила, со базен. Откако ја срушил старата куќа во Волково, тој на нејзино место гради нова, поголема и многу по луксузна вила, која е дивоградба.

Државната комисија за спречување на корупцијата се уште не отворила постапка по допрен глас за потеклото на имотот и парите на Дарко Каевски.

Исто така целосен молк и од страна на Јавното обвинителство. Нема одговори како Каевски на свои 30 години, после 3 години директорување и една година пратеник купува станови во Скопје и гради луксузни вили.

Македонија тоне во криминал и корупција, секој меѓународен извештај нотира пад на борбата со криминалот и корупцијата на функционерите на СДСМ и ДУИ, ама за тоа функционерите на власта секој ден се побогати.

За секој сторен криминал на функционерите на СДСМ и ДУИ одговорност ќе има многу скоро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО