ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги навредува и земјите кај што ги праќа, но и сопствените граѓани, со изборот за амбасадори

Од:

„Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден. На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови.

Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ.

Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско – политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет, за да бидат назначувани на вакви значајни позиции.

СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ