Западните разузнавачки служби по руската инвазија врз Украина почнаа психолошка војна против рускиот претседател и поранешен разузнувач, Владимир Путин.
Си-Ен-Ен во анализата на темата пишува дека САД и сојузниците креираат слика на деморализирана и дисфункционална руска армија која трпи катастрофлани загуби на боиштата, а во исто време во јавноста пласираат информации за растечки политички тензии во Кремљ.
Тврдат дека рускиот лидер е изолиран, дека лошо е советуван и не добива точни информации за тоа колку неповолно се одвваат настаните на боиштето во Украина.
Си- Ен-Ен уште пишува дека „на тој начин западните влади го попречуваат Путин во креирањето и дефинирањето на главниот воен наратив“.
– Тоа го направија и пред почетокот на војната, кога правилно предвидоа дека Путин ќе покрене инвазија врз Украина спротивно оценките на многу геополитички аналитичари, наведува Си-Ен-Ен.
Станува збор за тешка позиција за рускиот претседател кој во минатото често го има користено методот на информациска војна, особено кога се обиде да се вмеша во изборите во САД и во Велика Британија, пишува Си-Ен-Ен.
Извор: МИА