Бегајќи од војната, во нивната земја, денеска во Албанија пристигна првата група елитни спортисти од Украина.
Станува збор за тим од 10 млади атлетичари, ученици и студенти, кои попладнево се сместија во Елбасан, каде ќе останат на неопредело време.
Младите атлетичари ќе тренираат на патеката на стадионот “Елбасан арена”, еден од најдобрите во Албанија.
– Претседателот на албанскиот олимписки комитет Фидел Или и градоначалникот на Елбасан Гледиан Латја, во име на премиерот Еди Рама им гарантираа дека владата ќе стори се тие да се чувствуваат што комотно, наведува истиот извор.
Деновиве се очекува да пристигне друга поголема група украински спортисти.
Инаку, во Албанија, досега пристигнати се околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил.
Со посебна одлука, што минатата недела ја донесе владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во периид од една година.
Извор: МИА