Во чест на пет милиони фанови на „Фејсбук“ легендарниот германски производител на автомобили „Порше“ претстави специјален модел 911 Карера 4С, во чие создавање учествуваа и неговите фанови.
911 Фејсбук е базиран на моделот Карера 4С со погон на сите тркала и е со металик сина боја и 20-инчни бели фелги, препознатливи за популарната социјална мрежа.
Аеродинамичниот каросериски пакет вклучува доработен преден спојлер и фиксен заден спојлер. Во внатрешноста доминира високо квалитетна кожа и брусен алуминиум, како и детали со сино осветлување на праговите на вратите.
Во внатрешноста на неколку места е изгравирано „Дизајниран од 5.000.000 Порше фанови“.
Порше на своите фанови им нуди можност да го тестираат овој автомобил во Порше Експирианс Центарот, кој се наоѓа на британската тркачка патека Силверстоун.