Глобалниот раст и продажбата на таблетите почна полека да се намалува, покажуваат првичните податоци на компанијата „Интернешанал Дата Корп.“, која се занимава со проучување на пазарот.
Непостоењето на нов производ кој ќе ја зголеми испораката, влијаеше „Епл“ да испорача 14,6 милиони апарати, што е значително помалку отколку во првиот квартал, кога беа доставени 19,5 милиони апарати.
Се очекува „Епл“ својот нов модел да го лансира дури кон крајот на годинава. Станува збор за потег кој на компанијата ќе и овозможи подобро да се позиционира пред почетокот на божиќните и новогодишните празници.
– Лансирањето на нов ајПад секогаш го зголемува интересот на купувачите кога се во прашање таблетите, а тој интерес му помага на „Епл“, но и на конкуренцијата. Имајќи предвид дека новиот ајПад се уште не е претставен, пазарот на таблетите е во опаѓање. Порастот се очекува дури кон крајот на годинава, кога своите нови апарати ќе ги претстават „Епл“, „Амазон“ и останатите производители, тврди Том Мајнели, експерт за пазарот на таблетите од компанијата „Епл“.