А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов вид криминал преку повици од броеви со различни меѓународни телефонски кодови

by А1он06/08/2013 - 17:35310
Share0

Српското Министерство за внатрешни работи ги предупреди своите граѓани да не одговараат на повици и да не повикуваат телефонски броеви кои почнуваат на +88, +39, +390, +391, +392, +393, +394 и други, бидејќи станува збор за измама.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Министерството, ова е нов вид криминал, кој е многу распространет во Европа, а од неодамна се врши и во Србија.


За време на истрагата е утврдено дека корисникот на мобилен телефон добива пропуштен повик, кој почнува на некој од наведените меѓународни телефонски кодови. Повикот може да се прими доколку телефонот навистина звони, но и без да зазвони.


Доколку корисникот веднаш го избрише повикот, со тој потег ќе се заштити. Но, ако го повика бројот на пропуштениот повик, тогаш тој станува жртва на криминалците. Една од жртвите која го пријавила случајот во српската полиција загубила повеќе од 2.000 евра. 

Следете a1on на Youtube YouTube

Одредени броеви со овие телефонски кодови го вовлекуваат корисникот во ситуација, кога ќе го повика бројот да не може да го прекине повикот и на тој начин прави огромни сметки.


Бројот на пријавите во српската полиција секој ден се повеќе се зголемуваат, а жртвите на овој криминал влегуваат во огромни финансиски проблеми.

mvr

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео