(ВИДЕО) Стоилковски: Прашањето за хациендата – дивоградба на Каевски јавен интерес, ДКСК и ЈО да отворат предмет

Од:

„Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство по теркот на молкот за имотот на Шилегов, молкот за имотот на Филипче, па и молкот за имотот на Рашковски, молкот за имотот на кој се не од тимот на Заев, сега по истиот терк се однесуваат и за несразмерниот раст на имотот на Дарко Каевски. Ниту една институција по цела недела пресови и јавни настапи не се произнесе дека отвора предмет како тоа именуван функционер – директор од СДСМ очевидно има имот којшто не е пријавен во анкетниот лист“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту Јавното обвинителство не се заинтересира за потеклото на парите, иако постои основа за сомнеж?

Дарко Каевски се обидел да сокрие куќа во Волково, која што потоа ја руши и гради нова хациенда со базени, иако има основано сомневање дека за тоа нема документ.

Дарко Каевски е пратеник на СДСМ и со тоа овие прашања се од јавен интерес. Дарко Каевски во октомври 2020-та година кога од именуван директор станува избран пратеник, ја руши семејната легализирана куќа и на нејзино место гради луксузна хациенда. Ниту стариот објект, ниту пак новиот објект ги нема во Анкетниот лист – и за тоа Државната комисија за спречување на корупција молчи.

Јавното обвинителство не отвора предмет како тоа Дарко Каевски на 30 години по неполни три години директорување со административна плата во иста година купува стан во Скопје и гради луксузна вила со базени – која што не ја пријавува и за која досега не прикажал дозвола за градба.

Македонија тоне во криминал и во корупција, со години се нотира пад во борбата со високата корупција – корупција на функционери од власта. Народот е се посиромашен, функционерите од СДСМ се се’ побогати. Секој ден минат со СДСМ на власт за народот е поскап од предвремени избори!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела