ВМРО-ДПМНЕ: Како пет дрва се побитни од судбините на граѓаните?

Од:

СДСМ треба да даде одговор како киријата од СРД, платена со пари од граѓаните во износ од речиси 3 милиони евра во овие десетина години, завршувала во џебот на бизнис партнерите на нивниот пратеник Ристо Тодоров, човек од доверба на Бранко Црвенковски во време кога како директор ја спроведе приватизацијата и транзицијата на комбинатот „Анска Река“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Но СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од овој важен факт. За нив, пет дрва се поважни од се друго. Како пет дрва се побитни од судбините на граѓаните? СДСМ толку не се загрижи за името, за илјадниците што ги остави без работа, за криминалната транзиција и приватизација, а се загрижи за пет дрва нарекувајќи го нивното сечење брутална сеча. Ако сечењето на пет дрва е брутална сеча, тогаш криминалот со кириите од времето на Бранко Црвенковски, како и криминалната приватизација е масакар врз човештвото. Ова е веќе видено сценарио на СДСМ кое треба да кулминира со нереди, сценарио кое следи само три месеци откако катастрофално изгубија на изборите. Очигледно Бранко Црвенковски не ја сфати пораката од граѓаните пред три месеци“, се наведува во соопштението.

СДСМ да се грижеше така за луѓето како што се грижи за овие пет дрва, Македонија ќе беше цветна градина досега, велат оттаму.

„Очигледно е дека дрвата не се во прашање. Очигледно дека имаат поголеми интереси. Тие не сакаат државата да гради свои објекти, не сакаат градежништвото да се развива, туку единствено што сакаат парите од Буџетот да завршуваат во приватни џебови на нивните функционери“, соопшти владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му