ВМРО-ДПМНЕ: За амбасадори наместо дипломати од кариера, Ковачевски праќа партиски функционери од СДСМ и ДУИ

Од:

„Ковачевски со амбасадорски места задоволува коалициски апетити, за амбасадори наместо дипломати од кариера праќа партиски функционери од СДСМ и ДУИ. Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата?

За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата.

За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.

СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството.

Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет