Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив, автобуси на пат кон Мариупол

Од:

Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив и покрај најавите на Москва дека ќе ги намали воените дејствија во областа, соопшти британското разузнавање, а украинската влада објави дека автобуси се упатуваат кон опколениот Мариупол за да ги евакуираат цивилите.

Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ограничен број војници, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

„Во наредните денови најверојатно ќе има жестоки борби во предградијата на Киев“, се вели во соопштението.

Продолжуваат жестоките борби во Мариупол, клучна цел на руските сили, велат од Министерството, додавајќи дека центарот на градот се уште е под контрола на украинските сили. Русија неодамна објави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и Чернихив“ и дека ќе се фокусира само на регионот Донбас, на истокот на земјата.

Заменикот на украинскиот премиер Ирина Верешчук изјави дека автобуси биле на пат кон Мариупол во обид да ги евакуираат цивилите од целосно разурнатиот град, кој руските сили го држат под опсада од инвазијата на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија