Директорот на француското воено разузнавање, генералот Ерик Видауд, ќе биде разрешен од функцијата, поради што ја отфрлил можноста за руска инвазија врз Украина.
Според неименувани извори разрешувањето на генерал Видауд е поради „недоволно информирање“ и „недоволно познавање на темите“.
Началникот на францускиот Штаб за одбрана, Тери Буркхард, во интервју за Ле Монд изјави дека разрешувањето дошло кога француските разузнавачки служби, вклучително и Видауд, сфатиле дека направиле погрешна анализа на руската закана во Украина, што е спротивно на проценката на САД.
Извор: МИА