Брејвик не успеа да се запише на факултет

Од:

Андерс Беринг Брејвик не е примен на факултетот за политички науки, при Универзитетот во Осло.

-Брејвик нема доволен степен на образование за да започне да студира-изјави ректорот на универзитетот, Оле Петер Отерсен.

Управата на затворот Ила, во главниот град на Норвешка, претходно на Брејвик му одобри да студира, под услов доколку биде примен на универзитетот.

Изјавата на Норвежанецот дека сака да студира политички науки предизвика остри реакции кај универзитетските професори и јавноста.

Андрес Беринг Брејвик на 22-ри јуни 2011 година постави бомба пред зграда на владата во Осло, од која загинаа осум лица. Потоа замина на еден летен камп на подмладокот на Лабуристичка партија на островот Утоја, каде со огнено оружје уби 69 лица.

Обвинет е на 21 година затвор, но казната може да биде продолжена се додека се смета дека претставува опасност за општеството.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани