Шкријељ: 30 милиони евра за Оперативниот план за вработување со опфат на околу 15.000 лица

Од:

Владата и институциите предводени од СДСМ преку конкретни мерки и политики на дело покажуваат вистинска грижа за граѓаните. Во време на глобална економска криза растат платите и пензиите а стапката на невработеност има тренд на опаѓање.Отворање нови работни места е еден од врвните приоритети на СДСМ, една од клучните алки во борбата против невработеноста е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– За 2022 година, Оперативниот план е со буџет од 1,8 милијарди денари или околу 30 милиони евра, што е за пет милиони евра повеќе отколку за минатата 2021 година. Преку овој План ќе бидат опфатени речиси 15.000 лица а во фокусот ќе бидат ставени младите невработени лица до 29 години возраст. За првпат се воведува мерката „Зелени инвестиции“. За реализација на оваа мерка обезбедени се над 26 милиони денари, а со неа ќе се опфатат 312 лица. Со Оперативниот план за 2022 година продолжува поддршката на мерката Практикантство каде е проширен опфатот на 1.620 невработени лица до 34 годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, но и граѓанските организации. Мерката „Младински додаток“ исто така продолжува а преку неа месечно ќе се исплаќаат по 3.000 денари за 3.500 млади до 23 години кои се вработени во директно производство, што е за 1.000 лица повеќе во однос на минатата година рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он