Поранешен систем администратор од „Гугл“ е новиот генерален директор на „Јаху“

Од:

Мариса Мајер од „Гугл“ е новиот генерален директор на „Јаху“. Таа е петиот раководител за пет години на компанијата која се бори да ги надмине финансиските и внатрешните проблеми.

Триесет и седум годишната Мајер новата функција ќе ја преземе денеска. Таа е еден од првите и најдолгогодишни службеници на „Гугл“, каде работи 13 години. Мајер беше првата жена-систем администратор во интернет пребарувачот, придонесувајќи многу а развојот на услугите кои тој ги нуди. Во последните години ја раководела картографската служба на „Гугл“.

Се очекуваше дека „Јаху“ ќе продолжи да го предводи Рос Левинсон, кој неколку месеци беше вршител на должност генерален директор. Претходниот директор Скот Томсон ја напушти оваа функција поради скандал поврзан со неговата биографија, односно дека нема соодветен научен степен за компјутерски технологии.

„Јаху“ продолжува да биде еден од најпосетуваните интернет страници со 700 милиони посетители месечно.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска