Данска ќе го смета за закана антивладиниот екстремизам поврзан со пандемијата на коронавирус

Од:

Данските власти денеска го означија како закана „антивладиниот екстремизам“ поврзан со пандемијата на коронавирусот.

Агенцијата за внатрешна безбедност (ПЕТ) во својата годишна проценка наведе дека тој вид екстремизам ја прави ситуацијата посложена, иако не претставува „значајна движечка сила за терористичка закана“ во земјата.

ПЕТ соопшти дека заканата, која изразува потреба од употреба на насилство врз избраните претставници, настанала во врска со пандемијата на коронавирусот.

Шефот на ПЕТ центарот за анализа на заканата од тероризам против данските интереси во странство, Мајкл Хаман, рече дека жестоките критики на владата поради нејзиниот однос кон пандемијата во повеќето случаи биле мирни. Хаман додаде дека заканата од антивладин екстремизам е со „ограничено ниво“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ