Стоилковски: Артан Груби вработи негов роднина во министерството, тоа е директен непотизам, институциите мора да реагираат

Од:

Според објавената одлука за вработување за Сезар Груби како самостоен референт, Артан Груби очигледно го приватизира министерството, со тоа што вработува негов роднина и ова е директен непоитизам, а соодветните институции треба да реагираат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција во врска со партизацијата на министерството за политички систем на Артан Груби.

Стоилковски потенцираше дека Артан Груби избра да вработи свој роднина на работно место „самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење“.

– Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција. Не само реакција на Груби и на владата, очекуваме реакција и на ДКСК и на сите други соодветни институции, веднаш да го испитаат случајот и да се поништи одлуката за вработување на роднината на Артан груби, истакна Стоилковски.

Тој нагласи дека во спротивно наместо во заштита на законот и институциите, ќе работат во полза на партизација и зголемување на администрацијата спротивно на интересите на народот, со што ќе бидат соучесници во делото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО