Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е примен во воена болница за да му се направат тестови, откако се пожалил дека не се чувствува добро.Болсонаро (67), кој беше прободен со нож во стомакот за време на претседателската кампања во 2018 година, требаше да присуствува на настан организиран од Републиканската партија.
– Сигурен сум дека претседателот е добро, само врши некои дополнителни истражувања, затоа не е тука, изјави претседателот на партијата, Маркос Переира.
Сопругата на Болсонаро, Мишел, појасни дека нејзиниот сопруг е добар. Министерот за култура пак, Марио Фриас, напиша на Твитер дека „се моли за претседателот“.
Болсонаро поради стомачни проблеми беше хоспитализиран и во јули минатата година и во јануари.
Извор: МИА