Украинска пратеничка: Песимисти сме околу преговорите со Русија

Од:

Украинската пратеничка Ина Совсун изјави дека Украинците се песимисти за мировните преговори што треба да се одржат денеска во Истанбул.

– Многу се плашам дека ќе мора да се справиме со инвазијата со воени средства, рече Совсун, нагласувајќи дека секој договор со Русија во овој момент ќе го загрози територијалниот интегритет на Украина.

– Украина доби значителна воена помош и благодарни сме за тоа. Државата најмногу добиваше противтенковско оружје, што им овозможи на украинските сили да уништат до половина од руските тенкови испратени во земјата, рече Совсун.

Таа, исто така, ја нагласи потребата од друго оружје, како што е „оружје со долг дострел што може да се користи за уништување на артилеријата што сега убива луѓе во Мариупол“ и каква било опрема „која би помогнала да се заштити небото“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија