Кенија бара помош за да се справи со сушата

Од:

Црвениот крст на Кенија ја повика меѓународната заедница да помогне на 3,1 милион луѓе погодени од сушата во земјата, пренесува агенцијата Анадолија.

Според локалните медиуми, Црвениот крст на Кенија соопшти дека сушата погодила 3,1 милион Кенијци и побара помош од меѓународната заедница.

Црвениот крст исто така побара поддршка и од невладините и хуманитарните организации за подигање на свеста за катастрофата.

Најсилниот бран на суша во Источна Африка од 1980-тите доведе до ситуација во која гладуваат речиси 13 милиони луѓе.

Фактот што врнежите беа многу пониски од очекуваните во три последователни дождовни сезони ја поттикна новата криза со храна.

Во Кенија сушата достигна ниво на тревога. Поради недостиг на храна и воде досега умреле 1,5 милиони животни.

Региони каде што сушата е на ниво на тревога се Баринго, Исиоло, Мандера, Марсабит, Самбуру, Туркана, Ваџир, Килифи, Ламу, Нјери, Западен Покот, Лаикипија и Гариса.

Обединетите нации (ОН) соопштија дека добитокот почнал да умира поради сушата, а семејствата ги напуштиле домовите поради недостиг на вода и проблеми со храната.

Недостигот на чиста вода доведе и до ширење на епидемии преку миграцијата, пренесува Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“