ДОМ: Закон за зеленило е единствено трајно решение

Од:

Партијата ДОМ смета дека проблемот со зеленилото може да се реши само институционално со донесување закон за зеленило и зелен катастар.

– Ова е единствениот траен начин да се заштити постоечкото зеленило и да се зголеми неговата површина, наведува ДОМ во денешното соопштение.

Потсетува дека Комисијата за животна средина на ДОМ во соработка со експерти од оваа област изминатата година го подготвуваше предлог-законот за зеленило, според примерите од Германија и Австрија. Тој беше изготвен во јуни и за него започнаа стручни расправи со претставници од Град Скопје и скопските општини.

– Се очекува, по прецизирањето на одредени прашања и по отворена јавна расправа од сите субјекти во општеството, да влезе во собраниска процедура во септември, се вели во соопштението и се додава дека поддршка за законот очекуваат од сите пратеници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!