Францускиот министер за надворешни работи разговара за снабдувањето со енергија со земјите од Персискиот Залив

Од:

Франција се обидува да добие дополнителни испораки на гас и нафта од земјите од Персискиот Залив наместо испораките од Русија, изјави министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Шефот на француската дипломатија вчера отпатува за Катар, Оман и Кувајт, објави Министерството, пренесува ДПА. Ле Дриан таму одржува разговори за добивање нафта од Кувајт и гас од Катар и од Оман.

Во Катар, Ле Дриан го даде и почетниот сигнал за стратешки дијалог меѓу двете земји. Фокусот ќе биде ставен на енергенси, одбраната, борбата против тероризмот и инвестициите во економијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата