Лавров: Директна средба меѓу Путин и Зеленски би била контрапродуктивна

Од:

Директните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски би биле „контрапродуктивни“, оцени рускиот министер за надворешни работи, додека делегациите се подготвуваа за разговори, чиј домаќин ќе биде Турција.

Путин „рече дека никогаш не одбил да се сретне со претседателот Зеленски. Единственото нешто што го смета за суштински важно е овие состаноци да бидат добро подготвени“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телевизиските коментари за новинарите, откако Зеленски повика на средба со неговиот руски колега.

Лавров рече дека сегашната криза „толку долго тлее, сите овие години, што се создадоа огромен број проблеми, затоа само состанокот и размената на мислења … мислам дека сега би било контрапродуктивно“.

Зеленски и Путин се сретнаа само еднаш на разговори во Париз во 2019 година.

Претходно денеска, Зеленски рече дека постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција.

„Претстои нова рунда преговори, затоа што ние се стремиме кон мир, навистина, без одлагање. Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот“, рече тој во видео порака, објавена рано утринава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он