Европската комисија ги повлекува државјанствата на руските и белоруските државјани

Од:

Европската комисија ги повика земјите-членки веднаш да ги укинат сите постоечки шеми за добивање „златни пасоши“ и да размислат за укинување на државјанствата што им се доделуваат на руските и белоруските државјани кои се на листата на ЕУ санкционирани поради војната во Украина.

Шемите на таканаречените златни пасоши се однесуваат на националните програми за продажба на државјанства на ЕУ на инвеститори.

„Кога станува збор за шеми за престој што им се даваат на инвеститорите, земјите-членки треба веднаш да ги откажат или да одбијат да ги обноват дозволите за престој на Русите или Белорусите кои се предмет на санкции од ЕУ. Земјите членки треба да го прекинат издавањето дозволи за престој на сите лица од руска или белоруска националност кои се на списокот на санкции поради војната во Украина“, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии