Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците

Од:

Алијансата за Албанците денеска го одржа вториот конгрес на кој со 651 глас од вкупно 671 присутни делегати, Зиадин Села беше избран за претседател со уште еден четиригодишен мандат.

Како што информираат од партијата, делегатите на Конгресот ја одобриле и Политичката платформа на Алијансата за Албанците 2020-2024 година, новиот состав на партиското Собрание како и статутарни измени.

По изборот, претседателот Села им се заблагодари на делегатите за укажаната доверба и ги покани сите партиски структури да работат заедно за да станеме првата албанска сила во земјата и да ги постигнеме целите и визијата на Алијансата за Албанците, соопштија од Партијата.

„Зборувајќи за платформата и визијата на партијата, Зиадин Села рече дека Алијансата за Албанците има за цел целосна рамноправност, департизација на државата, особено на правосудните институции, борба против криминалот и корупцијата, економски развој и напредок во интегративните процеси“, велат од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии