На 9. и 10. август во Охрид ќе се одржи 12-тото издание на веќе традиционалниот музички фестивал „Balkan Music Square“, со настап на познати уметници и групи од регионот.
Првата фестивалска вечер е резервирана за настапите на нашиот хармоникаш Горан Алачки, како и групата „Златопис“ од Белград, предводена од рок-легендата Љуба Нинковиќ.
Во текот на втората ќе настапуваат македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов – Гиш, а целовечерен концерт ќе одржи и групата „Коза Мостра“ од Грција, попозната од нивниот забележител настап на годинашната Евровизија одржана во Малме.
Организатор на манифестацијата е продуцентската куќа „Трето уво“, а вообичаено влезот за двете концертни вечери на Античкиот театар е бесплатен.