Макрон предупредува на ескалација на ситуацијата по оценките на Бајден за Путин во Варшава

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека не сака да ги користи зборовите кои американскиот претседател Џозеф Бајден ги употреби за Владимир Путин, нарекувајќи го „касап“.

-Не би ги користел тие зборови, изјави Макрон за телевизијата „Франс 3“, додавајќи дека „мора да се направи сè за да се запре ескалацијата на ситуацијата“ и дека својата задача ја гледа како „да постигне прекин на огнот и потоа целосно да ги повлече руските војници“.

Притоа францускиот претседател посочи дека „утре или задутре“ ќе разговара со рускиот претседател за да се организира операција за евакуација на цивилите од градот Мариупол, во источна Украина. Тој додаде дека евакуацијата треба да се изврши што е можно поскоро.

Додека вчера беше во посета на бегалците од Украина, Бајден го нарече Путин „касап“. Во говорот во Варшава, Бајден кажа дека Путин е „касап“ и дека „овој човек не може да остане на власт“.

Белата куќа подоцна појасни дека САД не повикуваат на промена на режимот, а истото денеска го стори и шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ