Скинат електричен кабел предизвика вчера шумски пожар, кој претставувал опасност за еден од квартовите во главниот град на Црна Гора каде што се наоѓаат дипломатските претставништва.
Поради опасната близина на огнот биле евакуирани неколку амбасади – британската, француската, грчката, романската и словенечката, како и дипломатските резиденции.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред тој да стигне до зградите, но неколку часа подоцна, околу полноќ, шумата во планините покрај Подгорица се уште горела.
Оваа огнена стихија е само една од неколкуте кои ја зафатија Црна Гора во последните исклучително топли недели.