Почна 10. јубилеен фестивал „Езерски бисери“

Од:

Традиционално по десети пат синоќа во Струга почна меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“. Јубилејното издание беше отворено со гала концерт на талентирани млади уметници од повеќе земји, а публиката уживаше во настапите на младите пеачи, танчери и танцови ансамбли.

На фестивалот, кој има и натпреварувачки карактер ќе учествуваат над 300 учесници од Бразил, Тајван, Украина, Русија, Белорусија, Србија, Хрватска, Македонија, информира Миланка Рашиќ, член на организацискиот одбор.

За реномето на фестивалот покрај бројноста на учесниците, според Рашиќ, сведочи и присуството на еминентни имиња во жири комисијата, како што се руските професори Готс Динерс од Московскиот конзерватоиум, Елена Кузмина од Славјанскиот институт во Москва и Владимир Вовченко.

На фестивалските денови ќе бидат одржани мастер класови за учесниците по виолина и естрадно пеење, како и два натпреварувачки дена во класика и естрада, кореографија и фолклор. Натпреварите ќе се одржат во две програми, класика – инструментална и вокална и естрада – кореографија и фолклор, а ќе се натпреваруваат таленти во своите старосни категории.

Фестивалот „Езерски бисери“ вечер ќе биде посветен на славјански песни и танци, додека на 12 август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ најдобрите учесници ќе одржат концерт и ќе бидат доделени наградите, меѓу кои и Гран при во знак на 10. Јубилејно издание.

Последната фестивалска вечер е резервирана за гала концерт, на кој ќе настапат најуспешните учесници и највпечатливите кореографии и настапи. Влезот за сите настапи е бесплатен.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран