Со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред од ноќеска во два часот по полноќ ќе почне летното сметање на времето.
Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.
Летното сметање на времето оваа година завршува на 30 октомври во 3 часот по полноќ.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во други држави во светот.