Рускиот претседател Владимир Путин лично го одобри учеството на Роман Абрамович во мировните преговори на Русија со Украина, објави Фајненшл тајмс.
Цитирајќи две лица со директно познавање за ова прашање, весникот посочува дека директниот благослов на Путин покажува дека рускиот олигарх побарал одобрение на највисоко ниво за да помогне во започнувањето на преговорите за прекин на огнот меѓу Киев и Москва кон крајот на февруари.
Ова значи дека тоа е спротивно на неговите долгогодишни тврдења дека нема блиски односи со рускиот претседател, потенцира Фајненшл Тајмс.
Сопственикот на клубот Челзи, наводно, се сретнал со висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за да помогне во организирање на разговорите, откако добил поддршка од Путин.
Оттогаш, двете страни почнаа да разговараат за пробниот план за прекин на руската инвазија на Украина – иако Украина и нејзините западни сојузници стравуваат дека Москва можеби ги користи разговорите во обид да купи време за да ја обнови својата копнена офанзива.
Извор: МИА