Медведев: Глупаво е да се верува дека санкциите од Западот можат да влијаат на руската влада

Од:

„Глупаво“ е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва, изјави поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА.

Западот воведе серија санкции кон Русија по инвазијата на Украина, но еден месец по војната, Кремљ вели дека ќе продолжи со нападите додека не ги постигне своите цели за „демилитаризација и денацификација“ на Украина.

Некои од санкциите се конкретно насочени кон бизнисмени милијардери, за кои се верува дека се блиски до претседателот Владимир Путин.

„Да се ​​запрашаме дали некој од овие сопственици на големи бизниси може да има најмало влијание врз лидерската позиција на земјата. Јас ви велам отворено: не, нема шанси“ – вели Медведев.

Медведев рече дека анкетите покажале дека три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат претседателот Владимир Путин.

Тој ги нападна оние Руси кои престојувале надвор од земјата, а се изјаснија против инвазијата.

“Можете да бидете незадоволни од некои владини одлуки, да ја критикувате владата – тоа е нормално. Но, не можете да и се спротивставите на државата во таква тешка ситуација, бидејќи тоа е предавство”. рече тој.

Илјадници луѓе беа приведени на почетокот на овој месец на протестите низ Русија против инвазијата на Путин на Украина, според независната група за набљудување на протестите.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте