Сите се подготвуваа за продолженија и за уште најмалку 30 минути гладијаторска битка. Италија напаѓаше, а Македонија успешно одолеваше во одбраната.
И тогаш „светна“ молњевит противнапад, топката ја имаше Александар Трајковски на триесетина метри од голот на Донарума. Се одлучи за удар, упати „бомба“ кон голот на најдобриот светски голман во моментот, и ја затресе мрежата.
Молк на „Ренцо Барбера“, сите Италијанци во шок, а македонските фанови во делириум.
„Ова е за моето семејство и за цела Македонија. Неизмерно сме среќни. Напред Македонија“, изјави Александар Трајковски.