Фон дер Лајен: Русија не може да ја уценува Европа

Од:

Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа оцени дека „тоа би било еднострана одлука и јасно прекршување на договорот“, коментирајќи го барањето на Русија нејзините енергенти да се плаќаат во рубљи.

– Тоа би било обид да се заобиколат санкциите. Нема да дозволиме да се избегнат нашите санкции. Заврши времето кога енергијата можеше да се искористи за да не уценуваат, нагласи Фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски