Кремљ ги негира гласините за здравjето на министерот за одбрана Шојгу

Од:

Кремљ ги отфрли шпекулациите за тоа каде се наоѓа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со недели не се појавуваше во јавноста, јави ДПА.

– Министерот за одбрана е многу зафатен, рече прес-секретарот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека е „сосема разбирливо“ што ова не е момент за појавување во медиумите.

Руските медиуми изразија изненадување што Шојгу не се појавил во јавноста од 11 март, по што се појавија шпекулации за можни здравствени проблеми поврзани со срцето.

Песков ги отфрли овие извештаи и им рече на новинарите да се обратат до Министерството за одбрана.

Руската војна против Украина трае веден месец. Портпаролот на Министерството за одбрана секојдневно даваше извештаи за операциите на руските трупи, а рускиот претседател Владимир Путин исто така даде неколку јавни изјави.

Путин беше присутен на состанокот на Советот за национална безбедност во четвртокот, каде што, според Песков, Шојгу го информирал советот за „напредокот на специјалните операции“ – термин што се користи во Русија за да се опише инвазијата на Украина.

Во меѓувреме, Руската телевизија прикажа фотографии на кои се гледа како Путин денеска одржува состанок на Советот за безбедност со највисоките функционери, вклучувајќи го и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски