Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Од:

Република Северна Македонија обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци, наши сојузници, кои претходно беа ангажирани од страна на НАТО за време на мисијата во Авганистан. Оваа група е дел од поголемата група Авганистанци кои беа сместени во базата „Бехтел“ (Bechtel Facility), во Косово, од каде меѓу земјите – членки на НАТО привремено се распределени сите Авганистанци, кои беа евакуирани од Кабул. На лицата во земјава им е обезбедено привремено сместување, сѐ до обезбедување на нивната документација за упатување кон финалните дестинации каде е одредено нивното постојано живеалиште информира Министерството за надворешни работи.

– Со обезбедувањето привремено прибежиште и за оваа група Авганистанци, вкупниот број на авганистански цивили на кои Северна Македонија им има обезбедено привремено престојувалиште во земјава изнесува нешто повеќе од 800 лица, од кои повеќе од половината веќе ја напуштија Северна Македонија, упатувајќи се кон нивната конечна дестинација соопштуваат од МНР.

За време на привремениот престој во Северна Македонија на Авганистанците им е обезбедена помош и поддршка од државните институции и невладини организации, со што земјава е дел од глобалната хуманитарна акција за помош на Авганистанците кои посветено работеле на унапредување на демократските процеси во Авганистан или биле ангажирани од страна на меѓународни организации и агенции.

Би можело да ве интересира

Редовна плата од 1.500 долари за Авганистанците кои ќе му помогнат на Путин: „Не сакаат да одат во Украина, но немаат избор“

А1он

Престојот во Албанија на 2.100 Авганистанци продолжен за шест месеци

Дополнителни 113 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Авганистанците

Ана Ололовска

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска