Обвиненија против цариници и полицајци за трговија со дрога

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, додека за едно лице истрагата е запрена.

Станува збор за истрага отворена кон крајот на месец декември минатата година по поднесена кривична пријава од страна на МВР, за случај во кој се вклучени и полицајци и цариници.

„Во текот на постапката се утврди дека во месец ноември 2021 година четворица обвинети, меѓу кои двајца полициски службеници, во два наврати организирале неовластено пренесување заради пуштање во промет на таблети што содржат прекурсори, додека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности.

Првиот кривично правен настан се случил на 2.11.2021 година при што од царинската испостава на Меѓународниот Аеродром Скопје без царински преглед биле изнесени 29 различни видови на таблети во вкупна тежина од 190,90 килограми, спакувани во осум кутии. Таблетите преку зелениот појас во близина на државната граница помеѓу РСМ и Косово биле пренесени на косовска територија каде биле откриени и одземени од косовската полиција во близина на местото Жегра. Вториот настан се случил три дена подоцна, односно на 5.11.2021 година, кога 13 пакети со таблети ‘Decancit SR’ што содржат цетиризин и прекусор псеудофедрин класифициран во прва категорија во Националната листа на прекусори со тежина од 1015 кг и во вредност од над 4.826.410 денари без пропишаната контрола исто така биле изнесени од карго терминалот на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во двата случаи обвинетите царински службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности и не извршиле задолжителен детален преглед со кој се споредува фактичката состојба со наводите од декларацијата, не извршиле соодветна контрола и без да ги отворат пратките констатирале дека стоката во пакетите е идентична со опишаната во документите од царинската декларација и дека царинската процедура е завршена. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните.

Со дејствијата што ги извршиле произлезе дека обвинетите Б.А., М.А и И.А. сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидени и казниви по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а на обвинетите Б.А. и М.А. им се става на товар и кривично дело од став 1 од истиот член, како и кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое заедно со нив е обвинет и И.Ф. Царинските службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. се обвинети дека сториле кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 5 во врска со став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот М.А. според дејствијата опишани во една од точките на диспозитивот на Обвинителниот акт сторил и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

15-годишник избодел двајца тинејџери, се бара пртивор

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи суспендиран, против него е отворена истражан постапка

Катерина Ѓуровски