BMW i8 ќе биде претставен во Франкфурт

Од:

БМВ потврди дека на Саемот на автомобили „Франкфурт 2013“ ќе го представи спортскиот плаг-ин „Хибрид и8“.

Посетителите на оваа манифестација на овој начин, покрај со „БМВ и3“ ќе имаат можност да се запознаат со уште еден модел што за погон ќе користи електрична енергија.

Меѓутоа, за разлика од малиот градски автомобил на струја, „БМВ и8“ покрај електромотор ќе има и бензински агрегат, чија моќност, исто така, ќе се пренесува на тркалата на автомобилот.

Screenshot_6

Автомобилот не би требало визуелно премногу да се разликува од  концептот од 2011 година. Овој спортски хибрид ќе има маса од 1.450 килограми, благодарение на употребата на материјал од јаглеродни влакна, а по перформансите ќе биде сличен на „БМВ М3“, имајќи го пред вид фактот дека од 0 до 100 километри на час ќе стигнува за помалку од пет секунди.

Иако БМВ се уште официјално не ги објави спецификите на моделот „и8“, се очекува  електромоторот да развива 170 коњски сили (125 киловати) и 250 Нм, а 1.5-литарскиот турбо-полнет трицилиндричен бензинец уште 223 коњски сили.

Автомобилот ќе може да користи само бензински, само електрични или и двата мотора заедно, а ако се вози само на струја, ќе има автономија од околу 32 километри.

Просечната потрошувачка се проценува на три литри на 100 километри.

БМВ планира годишно производство на 10.000 модели, а цената на еден примерок ќе изнесува над 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска